26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИViber го промени групниот „чат“

Viber го промени групниот „чат“

„Viber“, една од водечките апликации за размена на пораки, претстави сет на ажурирани функции за „чатување“. Администаторите за групно „чатување“ ќе имаат можност да одвојат одредени пораки, испраќање на групни одоговори и креирање објавените листи кои овозможуваат истата порака да се испрати на приватните „чатови“ на различни приматели.

Одвоените пораки им овозможуваат на администраторите на групните „чатови“ да постават одредени пораки на врвот на екранот, така што најважната содржина ќе им биде достапна на сите. Тие ќе се издвојуваат со својата виолетова позадина и остануваат постојано на врвот, без оглед на продолжението на размената на пораките внатре во „чатот“.

Многу ефикасно средство за администраторите во успешното водење на протуктивни групни „чатови“, и им овозможуваат на учесниците да одвојат и сочуваат посебно важни пораки.

Било која порака може да се издвои со подолго притискање на неа и ќе остане одвоена се додека администраторот не одлучи да ја изземе од селекцијата на одвоените пораки, или во целост да ја отстрани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП