26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОстровот Кауаи поседува импозантна вила (фото)

Островот Кауаи поседува импозантна вила (фото)

На сите ни е позната убавината на островот Кауаи, а животот на него делува како приказна од бајките или нешто за што сонуваме…

Поседувањето на вила во овој дел од нашата планета може да биде вистинско уживање, но и добра инвестиција. Вилата за која овој пат ви зборуваме се наоѓа на океанскиот брег и е достапна за изнајмување. Таа има директен поглед на океанот и плажата од секоја своја просторија, а ви нуди четири спални соби.

Нејзината дневна соба е природно осветлена поради отворениот план простор, кој се протега од кујната, дневната соба, трпезаријата, па се до просторот за седење на отворено, што како резултат има врвно уживање.

Оваа вила е реновирана во 2014 година и е дизајнирана така за да биде привлечна за сите. Таа нуди дури и одвоен простор за деца. Комбинацијата од близината на плажата, приватноста и погледите го прават овој имот навистина посакуван. Во куната се наоѓа подот од бразилското чери дрво, работните површини од дрво и мермер, како и модерните апарати од нерѓосувачки челик.

Главната спална соба се отвора кон плажата, впивајќи ја енергијата и звуците од океанот во себе. Има своја приватна тераса, која гледа кон просторот за сончање и спа базенот. Одморот во оваа вила би бил добар, само доколку би траел цел живот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП