26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPolestar повеќе не е дел од Volvo, го менува курсот

Polestar повеќе не е дел од Volvo, го менува курсот

Тркачкиот и тјунинг бренд кој „Volvo“ го купи во 2015 година, официјално се осамостои, а фокусот се сели на електричните автомобили.

„Polestar“ одвојувањето од компанијата „Volvo“ го проследи со порака „The End“ на Инстаграм, која означува крај на досегашниот вид на соработка со шведскиот автомобилски бренд, но и нов почеток за оваа компанија која од сега ќе биде сконцентрирана на развојот на електричните автомобили со високи перформанси.

Последните „Volvo Polestar“ модели се претставени во август, а базирани се на актуелните „S60“ и „V60“. Станува збор за ограничени серии од 1.500 примероци, а овие автомобили имаат унапреден дизајн на надворешноста и помали промени во кабината, но без модификации на погонската единица.
За разлика од „S60“ и „V60“, „Polestar“ нешто порано го доработи моторот на најновото „Volvo XC60“ кое сега развива 421 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП