26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКаде најчесто грешат младите претприемачи

Каде најчесто грешат младите претприемачи

Успешните претприемачи постојано размислуваат како да ги поправат грешките кои ги направиле во изминатиот период, но и како да ја унапредат својата компанија. Но, постојат некои лоши навики кои се карактеристични за повеќе луѓе во деловниот свет.

Ова се некои од нив…

1. Преземање на премногу улоги

Ако сте одличен менаџер тоа не значи дека со самото тоа сте и добар експерт за маркетинг или односи со јавност. Најдобра е опцијата да изнајмите луѓе кои се стручни во својата област. Луѓето најчесто не се добри во мултитаскингот како што често се мисли.

2. Работите секој ден во неделата

Има период кога ќе бидете затрупани со работа и тогаш едноставно ќе мора да работите 7 дена во неделата. Но, тоа никако не смее да стане правило. Секој човек, па така и претприемачот има потреба од денови за одмор со цел мозокот и телото да се одморат, и да се подготват за следните напори и искушенија.

3. Постојано сте во потрага по пари

Иако парите ви се примарна причина за работата со која се занимавате, одредена граница на страста мора да постои. Еднаш кога (ако) финансиски ви тргне, многу е лесно да западнете во замка каде профитот ви станува најважен, а со тоа неминовно се намалува квалитетот на производите, како и останатите компоненти кои го правеле успешен. Потребно е да направите план колку вреди вашето време, колку очекувате да заработите, но сепак да бидете реални.

4. Премногу зависите од пријателите

Вработувањето на блиски пријатели во компанијата, звучи како примамлива идеја. Но, често таквиот пристап се покажува како погрешен. Важно е да ги вработите најдобрите луѓе со најдобрите квалификации. Ако притоа тоа се ваши пријатели, добро, но немојте тоа да ви биде пресудна причина.

5. Не го одвојувате деловниот живот од приватниот

Ова е тесно поврзано со веќе наведената ставка за премногу работни денови. Колку од нас проверуваат службени мејлови пред спиење, сметајќи дека не станува збор за деловна, туку за приватна сфера. Истражувањата покажаа дека таквите активности го попречуваат сонот, а со самото тоа и ефикасноста на работа следниот ден. Исто така, експертите не препорачуваат користење на било какви електронски направи три часа пред спиење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП