19 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВтора победа на Вардар во Лигата на шампиони

Втора победа на Вардар во Лигата на шампиони

Актуелниот европски првак Вардар ја забележа и втората победа во ракометната Лига на шампиони.

Во рамките од 2.коло во А групата, Вардар вечерва пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ го победи францускиот Нант со 27-23 (полувреме 14-10) .

Во првата третина од мечот се играше рамноправно, односно се до 23.минута кога резултатот беше израмнет 8-8. Потоа селедуваше серија на црвено-црните од 5-1 за највисоки +5 во 29- минута (14-9), но на полувремето заминаа со четири гола предност (14-10).

И во најголемиот дел од второто полувреме се играше рамноправно. Како резултат на таквата игра предноста на варда

Најефикасен во редовите на Вардар беше Роџерио Фереира Мораеш со шест гола, додека Даинас Кристопанс постигна еден помалку (5).

Иван Чупиќ и Тимур Дибиров придодадоа по четири гола, а Арпад Штербик имаше 12 успешни одбрани. Во францускиот тим тројца ракометари постигнаа по четири гола, додека капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров не успеа да се запише во листата на стрелци.

На натпреварите кои беа одиграни пред овој меч, беа постигнати следниве резултати: Чеховски Медведи – Монпелје 24-28 и Елверум – Скјерн 27-32.

Денеска се играат уште пет дуели, а останатите шест натпревари од оваа рунда на програмата се утре, меѓу нив и натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ меѓу Металург и Бешикташ кој ќе започне од 17 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП