19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШинзо Абе размислува за нови даночни олеснувања за јапонските компании

Шинзо Абе размислува за нови даночни олеснувања за јапонските компании

Јапонскиот премиер Шинзо Абе размислува да воведе нови даночни намалувања со цел да ги поттикне компаниите да ги зголемат платите и да ги забрзаат капиталните трошоци за зајакнување на економскиот раст, објави „Ројтерс“, цитирајќи извори од владата.

Абе планира да ги открие деталите за даночните олеснувања на прес-конференцијата во понеделник, кој се очекува да објави предвремени избори следниот месец, велат извори кои побараа анонимност.

Растот на платите и повисоките капитални трошоци се сметаат за клучни во кампањата на Абе да инвестира во човечки ресурси и да ги подобри иновациите во продуктивноста.

Сепак, претпазливите јапонски компании имаат рекорден износ на готовина, што го попречува растот на приватниот сектор.

Идејата за понатамошно намалување на ефективната корпоративна даночна стапка од сегашните 29,97%, исто така, е контроверзна, бидејќи многумина во владата се сомневаат дека ова ефикасно ќе ги зголеми деловните инвестиции.

Други државни извори за „Ројтерс“ изјави дека Абе ќе се заложи за користење дел од приходите од планираното зголемување на данокот за продажба во 2019-та година за финансирање на трошоците за детска грижа и образование.

Ова би ја натерало владата да ги одложи роковите за постигнување на посакуваната фискална консолидација во земјата со најголем јавен долг во светот, двојно поголем од нејзината економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП