19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Велика Британија

Moody’s го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Велика Британија

Меѓународната рејтинг агенција „Moody’s“ го намали долгорочниот рејтинг на британскиот долг од „А1“ до „Аа2“ со стабилна перспектива, објави „Ројтерс“.

Причината е несигурноста поврзана со „Brexit“, се вели во соопштението на агенцијата.

Агенцијата забележува дека е загрижена за „веројатно влошување на стабилноста на британската економија на среден рок, поради повлекувањето од ЕУ“. Таа, исто така, се плаши дека притисокот врз британскиот буџет ќе се зголеми со слабеењето на економската активност како резултат на излезот на Велика Британија од ЕУ.

Според агенцијата, изгледите за рејтингот се „стабилни“ во целина. Ова значи дека нема да има понатамошно влошување на проценката на кредитната способност во блиска иднина. Дури и по намалувањето, Велика Британија и понатаму се смета за погодно место за сигурно инвестирање, т.е. располага со инвестициски рејтинг.

Владата на Велика Британија во својата прва реакција изјави дека рејтингот на „Moody’s“ е базиран на податоци што се застарени и ирелевантни.

Неколку часа пред објавувањето на одлуката на агенцијата, премиерот Тереза ​​Меј говореше многу искрено за темата на „Brexit“ во Фиренца, Италија. Инвеститорите на финансиските пазари беа разочарани, бидејќи изјавата на Mеј не донесе многу вести. Веќе во текот на денот, британската фунта беше под притисок. По намалувањето на рејтингот, нејзината вредност повторно се намали значително за половина процентен поен и достигна дневен пад до 1,3451 долари. Фунтата падна нагло и во однос на еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП