26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСиндикатите за образование на Македонија и Албанија потпишаа Меморандум за соработка

Синдикатите за образование на Македонија и Албанија потпишаа Меморандум за соработка

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска потпиша меморандум за соработка со Синдикатот за образование на Албанија (SPASH), со кој ја официјализираа соработката што ја имаат една деценија.

Документот го потпишаа претседателите на синдикатите, Јаким Неделков и Неврус Каптели, кои посочија дека размената на искуства и комуникација ќе го подигне квалитетот на соработката што, пак, ќе ги унапреди правата и ќе ги подобри условите за работа на наставниците во двете земји. Меморандумот, според нив, ќе значи многу за членовите на синдикатите во двете земји затоа што проблемите во образованието се слични и во Македонија и во Албанија,

– Се договоривме меѓу нашите синдикати да се организираат едукативни тренинзи за позасилена соработка, што ќе биде и во интерес на вработените во образованието. Не случајна е соработката затоа што имаме исти проблеми во образованието. Меѓу нив се и платите на наставниците кои во Албанија горе-долу се исти колку и во Македонија – рече Каптели.

Неделков додаде дека покрај платите и други социјални придобивки што следуваат по основ на колективен договор, позначаен и поголем проблем, кој е присутен во целиот регион, е сигурноста на работното место.

– Бројот на ученици во паралелките драстично се намалува. За сметка на тоа имаме наставници што се вработени и кои никако не смееме да дозволиме да бидат технолошки вишок. Свесни сме за намалувањето на бројот на децата во паралелките, но нудиме и наоѓаме соодветни решенија кои сметаме дека државата и локалната самоуправа ќе ги прифатат за да се надмине состојбата – рече Неделков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП