26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовршен хотел на Фиџи (фото)

Совршен хотел на Фиџи (фото)

Нануку е веројатно едно од оние имиња кои ќе ви измамат насмевка, додека замислувате чуден лик од некој цртан филм…

Сепак, ова место е дел од нашата реалност, иако е речиси премногу добро за да биде вистинито. Сместено на јужната обала на главниот остров на Фиџи, Вити Леву, хотелот за кој овој пат ви говориме ви нуди совршено искуство од Jужниот Пацифик, на една од најраскошните локации од овој регион.

Богатото културно наследство на Фиџи ќе направи секој гостин во хотелот да се почувства како дома, додека бројните понудени авантури ќе бидат доволни овој одмор да се памети до крајот на животот. Од кампување под ѕвездите, до лов на диви животни, сафари, садење корали и рафтинг, овде можете да искусите речиси се што сакате, во рајско и егзотично опкружување.

Со само 18 сместувачки единици со специфичен стил, кои се проткаени со елеганција, модерни погодности и комфор, ова спектакуларно одоморлиште ќе ве импресионира со своите базени, пристапот до плжата и климатизацијата. Но тоа не е се…

Во клупската куќа од одморалиштете ве очекува „Kanavata“ ресторанот кој ви е достапен во текот на целиот ден, а ќе ви понуди превкусни посластици од овој дел од светот, проследени со иновативна листа со коктели и посебно одбрана вино карта.

По прекрасната вечера во овој ресторан, ве советуваме да го посетите „Lomana Spa & Wellness“ центарот, кој во многу интимно опкружување ќе ве воодушеви со интересните третмани и префинетата спа технологија, давајќи му така сосема ново значење на опуштањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП