26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ја освежите својата кариера?

Како да ја освежите својата кариера?

Еве неколку совети од експертите за кариера кои ќе ви помогнат да ја освежите својата кариера…

1. Освежете ја моменталната работа со нови предизвици – ако ви одговара организациската култура во која сега се наоѓате, но имате проблеми со работата која ја работите, дали поради досада или лош однос со колегите, еден од начините е и промената на некое друго работно место во внатрешноста на организацијата, компанијата. Многу компании објавуваат интерни натпревари за вработување, но и разговор со вашите блиски колеги од други оддели, компанија ќерка во странство или друг град, наслеба, може да ви ја донесе потребната свежина и стимул за рбаота.

2. Едуцирајте се – време е сите оние прекувремени а неплатени часови да ги искоритите за едукацијата која веќе со години ја избегнувате поради немање на време. Семинари, тренинзи, но и некој друг вид на образование, можат многу да ви помогнат во освежувањето на кариерата. На вашето долгогодишно искуство тие ќе дојдат како дополнителна потпора. Исто така, запознајте се со практиките и искуствата на други компании и нивните алатки на пазарот, на овој начин ќе запознаете и нови луѓе и ќе ја проширите мрежата на бизнис контакти, а тоа може да биде добра шанса за вашата кариера во иднина.

3. Пронајдете нова работа – средните години со себе носат и искуство кое не сте го имале како млади. Кругот на познаници, но и дополнителната хонорарна или волонтерска работа која ја обавувате нудат можности да се пробате во истата или во некоја сосема поинаква кариера.

4. Земете неплатен годишен одмор – многу вработени на средни години успеале да заработат доволно пари за црни денови, кои сега во фазата на премореност и недостаток на елан на постоечкото работно место можат да им послужат за одреден период на неплатен годишен одмор кој ќе ги регенерира. Тој период можете исто така да го искоритите за дополнителна едукација или за некои други работи кои досега биле само ваше хоби или хонорарна работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП