26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC U11 Plus пристигнува во ноември

HTC U11 Plus пристигнува во ноември

Тајванската компанијата „HTC“ и натаму работи на нови телефони и покрај тоа што деновиве беше објавено дека „Google“ го купил делот за дизајнери и интелектуална сопственост на „HTC“. Но, „HTC“ објави дека до крајот на годината планира да објави уште три нови уреди.

Едне од тие уреди ќе биде и „U11 Plus“ (со кодно име „OceanMaster“). Oва би требало да биде првиот „HTC“ телфон кој ќе го имплементира трендот за оваа година, а тоа е односнот 18:9 на страните и минималните рамки околу екранот.

Покрај тоа, „HTC U11 Plus“ ќе има 5.99-инчен дисплеј со 2880 x 1440p резолуција. Телефонот ќе го користи процесорот „Snapdragon 835“, ќе има 4GB RAM и 64GB/128GB UFS 2.1 простор за складирање. На задната страна ќе се наоѓа 12MP камера, додека на предната страна ќе биде сместена камера од 8MP. „U11 Plus“ има „IP68“ серфтификат и поддршка за „QuickCharge 3.0“, како и функцијата „Edge Sense“.

„HTC U11“ ќе биде претставен на 11-ти ноември во Кина, а во моментов не е познато кога ќе пристигне и на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП