26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „Коскени часовници“ од Дејвид Мичел

Промоција на книгата „Коскени часовници“ од Дејвид Мичел

В петок од печат ќе излезе романот „Коскени часовници“ на популарниот британски писател Дејвид Мичел.

Преводот од англиски јазик е на Ацо Пероски, илустрацијата на книгата на Марија Смилевска, дизајнот на книгата е на brigada.mk, а објавувањето на книгата е дел од проектот „Креативна Европа“ на ЕУ.

По тој повод, во книжарницата Или-Или книгата в петок и в сабота ќе се продава по промотивна цена, како и останатите две негови книги кои исто така се дел од едицијата „Проаза“.

Дејвид Мичел е еден од највпечатливите „нови гласови“ во современата британска книжевност. Роден е во 1969 година во Англија, а живеел во Италија, Јапонија и Ирска. Автор е на неколку романи и добитник на голем број меѓународни литературни признанија.

Книжевната критика особено ги издвојува „Атлас на облаците“ и „Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“ како исклучителни книжевни дела кои се одликуваат со стилска, тематска и естетска впечатливост. „Коскени часовници“ оригинално беше објавен кон крајот на 2014 година и засега е негово последно прозно дело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП