26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ги намалите ризиците при започнување на сопствен бизнис

Како да ги намалите ризиците при започнување на сопствен бизнис

Вие имате идеа како да започнете со сопствен бизнис. Ви честитаме. Сега е време да најдете начин да преживеете откако ќе се обидете. Многу идни претприемачи се плашат од големиот ризик за да започнат со сопствен бизнис. Секако постојат начини за да се елиминираат овие ризици доколку се оди чекор по чекор до целта.

Сега ќе ви понудиме седум чекори како да го намалите ризикот кога започнувате со сопствен бизнис:

1. Знаете како ќе го финансирате сопствениот бизнис. Постојат многу големи трошоци кога започнувате со сопствен бизнис. Дали имате заштедено пари или со помош на кредити ќе го лансирате бизнисот? Дали тоа ќе ви биде споредна работа? Дали ќе ви помагаат роднините и пријателите? Треба да направите стратегија за тоа како треба да ги исплатите трошоците.

2. Да бидеме реални за потребното време кое што ви е потребно за да го кренете вашиот бизнис на нозе. Дури и со едноставна бизнис идеа вам ќе ви биде потребно од шест месеци до една година додека вашиот бизнис почне да расте. Но прашањето е како ќе ги покривате трошоците до тогаш?

3. Одржувајте ниски трошоци. Погледнете како може да остварите поголема продажба пред да платите кирија. Обидете се со киоск, директна продажба, е- трговија, па дури и изнајмување на простор во рамките на постојната продавница.

4. Потребно е да имате бизнис модел. Голем дел од бизнисите кои што започнале да работат без добро изработен бизнис модел пропаднале. Се што треба да направите на почетокот е да создадете добар бизнис модел доколку сакате да остварувате поголеми приходи.

5. Тестирајте ја вашата идеа на потенцијалните клиенти. Подобро е навреме да откриете дали вашите производи или услуги ќе бидат купувани од страна на другите пред да инвестирате во нив да трошите капитал и време. Треба да добите feedback од пазарот за да можете да ги понудите вашите производи или услуги.

6. Бидете подготвени за да ја развиете вашата бизнис идеа. Бизнис ангелите знаат најдобро како да превземаат ризик. Не го правете она што не е ваша работа. Една од основните претприемачки вештини е брзо препознавање на проблемот и тестирање на нови бизнис идеи се додека не се добие позитивен одговор од страна на потрошувачите.

7. Направете мрежно поврзување. Вие нема да успеете сами потребна ви е помош. Најдете други претприемачи и ментори кои што ќе сакаат со вас да го поделат нивното искуство и да ви дадат совети околу водењето на бизнисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП