26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley се откажа да прави електричен кросовер

Bentley се откажа да прави електричен кросовер

„Bentley“ ги отфрли плановите за лансирање целосно електричен кросовер. Ова го најави извршниот директор на компанијата за луксузни автомобили, Волфганг Дирхајмер.

Во последниве месеци, британскиот производител гледа на две опции за својот прв „зелен“ модел. Од компанијата размислуваа да се направи „SUV“, кој ќе одговара на еден чекор под „Bentayga“ во опсегот на брендот, како и двосед спортски автомобил.

На крајот, електричниот кросовер отпаѓа од плановите на „Bentley“, што значи дека првиот автомобил со нулта емисија ќе биде спортскиот автомобил. Не е исклучено и да се променат овие планови, Дирхајмер побрза да се осигура.

Меѓутоа, ако се направи сличен автомобил, тој ќе ја користи платформата на електричниот „Porsche Mission E“, чија сериска верзија ќе биде подготвена во 2019-та година. Како ќе изгледа новото „Bentley“ останува целосна мистерија. Веројатно некои од решенијата се позајмени од концептот „EXP12 Speed ​​6e“ (на сликата), кој беше презентиран на Саемот за автомобили во Женева оваа пролет.

Британската компанија е принудена да произведува машини со алтернативни енергетски агрегати, бидејќи барањата за животната средина стануваат сé посурови. Претходно оваа година, компанијата објави дека секој иден „Bentley“ модел исто така ќе добие хибридна верзија. Првиот таков модел ќе биде кросоверот „Bentayga“, а вториот – „Continental GT“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП