27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГрандиозниот имот Rameses (фото)

Грандиозниот имот Rameses (фото)

Имотот Rameses, кој се наоѓа во престижната енклава во Лас Вегас, изгледа како луксузна европска вила, поради својот неокласичен дизајн и внимание посветено на деталите…

Овој имот наликува на палата и има осум спални соби и седум бањи, со луксузно декориран животен простор, кој покрива околу 1.226 квадратни метри, а се наоѓа на 1,41 хектари земја.

Сместена во внатрешноста на Kantrу Club, оваа вила поминала преку интензивен процес на реновирање кој траел пет години, кога секој можен детал од нејзината естетика е рачно обработен и креиран со цел совршенo да одговара на нејзиниот дизајн.

Изградена за да престави највисок стандард, оваа вила зрачи со грациозност и симетерија. Магичната главна резиденција на овој имот има приватна канцеларија, домашно кино, соба за билјард, уметничка соба и гаража за четити автомобили – а тоа се само некои од луксузните погодности кои ги нуди.

Романтичната, класично уредена градина совршено се вклопува со изгледот на оваа вила. Позицијата и прецизноста биле најважни која се дизајнирал овој имот, па така тоа ја објаснува нејзината висока цена. Оваа вила чини неверојатни 28 милиони долари….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП