26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo го одложи својот следен голем модел

Alfa Romeo го одложи својот следен голем модел

Следниот модел на „Alfa Romeo“, седанот кој ќе биде поголем од „Giulia“, ќе биде одложен до 2021-та година, објави „Automotive News“. Неговото деби ќе биде по планираното освежување на новите предлози на Италијанците – „Giulia“ и кросоверот „Stelvio“.

Поголемиот седан мора да биде директен конкурент на пазарот на серијата 5 на „BMW“, „Mercedes E-Class“ и „Audi A6“. Можно е моделот да добие и посериозно одложување, бидејќи во „Alfa Romeo“ вложуваат многу во успесите на „Giulia“, како во Европа, така и во САД. Во моментов, сепак „Guilia“ не ги оправдува надежите на шефовите на „FCA“ за раст на продажбата.

Во САД тоа донекаде се должи на континуираниот одлив на клиентите од традиционалните седани, затоа што се повеќе купувачи избираат кросовер и „SUV“ модели. Овој тренд е исто така присутен во Европа, и во компактната и во средната класа.

Многу е веројатно во „Alfa Romeo“ да се залага повеќе на „Stelvio“, кој дебитираше на почетокот на втората половина на годината и ги задоволува обожавателите на елегантниот италијански дизајн и темпераментот на автомобилите на „Alfa Romeo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП