27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНенадминливо луксузна вила во Дубаи (фото)

Ненадминливо луксузна вила во Дубаи (фото)

Со цена од околу 54,5 милиони долари, оваа спектакуларна вила со 11 спални соби е неверојатно ултимативен приватен дом во Дубаи со неверојатна луксузна понуда…

Дел од оваа вила е и ноќниот клуб кој може да собере до 200 лица. Таа се наоѓа на еден крак од прекраниот Palm Jumeirah и има своја приватна плажа на овој неверојатен вештачки архипелаг. Нормално, погледот кој се пружа преку нејзините прозори во најмала рака е ненадминлив. Собите со стаклени ѕидови имаат поглед кон плажата и тиркизните води на заливот, додека во позадина се гледа и панорамата од градот, вклучувајќи го и Burj Al Arab и Dubai марината. Вилата се наоѓа на имот од 6.000 квадратни метри, а нуди околу 4.500 квадратни метри простор, 11 спални соби и 15 бањи.

Изградена е пред десет години и изградена е како хотел, со сите услуги и спецификации. Нејзин дел се и крилата наменети за гостите, прекрасната кујна и приватното обезбедување. Ентериерот секако треба да се освежи, но сигурни сме дека тоа не би претставувало проблем за оној кој ќе ја купи.

Ако размислувате за забава, оваа вила нуди и повеќе од ноќен клуб. Тука е и киното со 16 места, приватната трпезарија за 16 лица, отворениот и затворен базен, како и приватната плажа која ви е на располаѓање кога и да посакате.

Таа исто така има и свое место за брод што само придонесува за нејзината ексклузивност, а сите жители на Дубаи знаат дека тоа е многу важна привилегија. Веруваме дека нејзината цена сега ви звучи малку поразумно…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП