27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Помалку“ често е „повеќе“ во деловниот свет

„Помалку“ често е „повеќе“ во деловниот свет

Во сопствениот деловен свет најважно е да создадете позитивно опкружување во кое подобро и полесно ќе функционирате и ќе создадете тактитки со кои ќе бидете попродуктивни и со поголема самодоверба ќе ја надминувате негативноста, стресот и секојдневените предизвици.

Како да постигнете „помалку“ да стане „повеќе“ во вашето работење и работното опкружување, прочитајте во продолжение.

Со помалку обврски до поголема продуктивност

Ако го отворите роковникот и сфатите дека од обврски и пополнет распоред не можете да видите дали хартијата е навистина бела боја, не е ни чудно што ви се чини дека во последно време ништо не стигнувате и дека не сте продуктивни, бидејќи веројатно е виситна. Немојте да си задавате нереални цели и да имате нерелани очекувања од самите себе бидејќи на две места истовремено не можете да бидете. Променете го распоредот, некои договори откажете ги, други одложете ги. Со помалку обврски, односно со реален број на обврски во вашиот работен ден, ќе можете да стигнете да го обавите планираното, а понатака ќе ве следи чувство на задоволство и мотивација.

Помалку анализирање и размислување

Понекогаш помалку е навистина повеќе, а особено ако станува збор за анализирањето на секоја ситница. Нормално дека е важно да анализирате, размислувате и да ги разгледувате ризиците и опасностите во кои вашиот нов проект би можел да ве доведе, но исто така е важно да не претерате во тоа. Понекогаш треба да се охрабрите и да пробате нешто ново, поинакво. Премногу размислување може да ве сопира во вашите замисли, сопствените цели и потенцијалните успеси – размислете за тоа.

Понекогаш во ред е и да се откажете

Ако не постои друг начин, откажете се. Ви задава ли некој клиент или работа огромни маки и голем стрес, ако на вашата компанија и носи повеќе проблеми отколку профит, време е да престанете да се трудите. Откажете се доколку на некој не можете да му помогнете, откажете се доколку сметате дека нешто само ќе ви потроши премногу време и повторно нема да стигнете со него до крајот, воопшто не е зло доколку навистина нешто не можете или пак не сакате, да се откажете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП