26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: До крајот на годината не е планирано издавање на еврообврзница

Тевдовски: До крајот на годината не е планирано издавање на еврообврзница

До крајот на годината не е планирано издавање на еврообврзница, а буџетот ќе се финанасира од домашното задолжување изјави министерот за финансии Драган Тевдовски. На отчетот за сработеното во првите сто дена, тој посочи дека негова цел било да се стави ред во јавните трошење, а реформите во системот на јавни финансии да бидат во насока на најдобрите европски стандарди и практики. Економијата во земјата, според министерот, почнала да се придвижува.

-Во изминатите сто дена се сработени десет големи проекти. Направен е ребаланс на Буџетот во кој се скратени непродуктивните трошоци, објавен е граѓански буџет за 2017 година, силно е подигнато нивото на фискална транспрентност, објавени се на транспарентен начин обврските првпат во Македонија на сите буџетски корисници, направена е анализа за распределба на доходи, добро се управува со наследениот јавен долг при што намален е бројот на аукции на домашниот пазар од три до четири на две месечно со пониски каматни стапки на задолжување од 1,5 до 3,8 проценти, а вратени се кредити со каматни стапки од 6 проценти, рече Тевдовски.

Прашан дали последните податоци за намалување на економската активност во земјава ќе значат и потреба од ревидирање на предвидениот раст на БДП од 2,2 проценти, Тевдовски истакна дека последните податоци за полнење на буџетот укажуваат дека во земјава почнува придвижување на економијата и дека очекува да нема потреба од ревидирање бидејќи, како што кажа, Министерството успева да обезбеди стабилни финансии до крајот на годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП