27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОткријте го Маракеш - црвениот град (фото)

Откријте го Маракеш – црвениот град (фото)

Маракеш постои веќе скоро илјада години и претставува град на историјата и културата…

Станува збор за место, кое само по себе асоцира на фузија од култури со својот изглед, прашливите улици, интересните градби и минарињата кои се вистинска контраст на синото небо…

Познат како „црвениот град“ благодарнеие на бојата на дебелите ѕидини кои го опкружуваат стариот град, Маракеш е популарна туристичка дестинација уште од шеесетите години на минатиот век, а привлекува и бројни познати личности. Станува збор за место кое ќе ги активира сите ваши сетила, особено со неговите познати пазари и чаршии. Овие шаренолики пазари ќе ве заинтригираат со своите примамливи бои и мириси, а тука можете да купите силно обоени зачини, богато ткаени теписи и уште илјадници други работи.

Невозможно е да шетате низ Маракеш, а да не се изненадите од неговата интересна архитектура на секој чекор. Од ексклузивни градини до интригантно изрезбани премини и орнаментни џамии, овој град ја претставува својата историја во секој поглед. Медина е особено интересна глетка, која е мешавина од арапската и мурската архитектура.

Кога стнаува збор за забавата, Маракеш во себе крие фузија на култури со магичен ефект. Jamaa El-Fnaaе е најпрометниот плоштад на оваа дестинација, со голтачи на оган, стомачни танчерки, актобати, астролози и разни видови на забавувачи.

Ако одлучите да се опуштите и одморите во мир и тишина, посетете еден од префинетите голф терени на овој град или пак некој од бројните хамами, кои се специјалитет на оваа дестинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП