27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелови од Карпош, Студеничани, Кисела Вода и Ѓорче Петров утре без струја

Делови од Карпош, Студеничани, Кисела Вода и Ѓорче Петров утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информира дека утре, 12 септември, без струја ќе останат дел од корисниците во општините Карпош, Студеничани, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Прекинот на електричната енергија ќе биде поради закажани технички зафати на мрежата.

Од РЦУК информираат дека во периодот од 09 до 11 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул. Хелсинки (Општина Карпош) и корисниците од улици 1, 6 и 7 во с. Батинци (Општина Студеничани).

Во периодот од 07:45 до 12 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул. Скупи броевите 6, 12, 20 и 22 (Општина Ѓорче Петров), во периодот од 09 до 12 часот корисниците од ул. Томе Арсовски. (Општина Кисела Вода), во периодот од 11:30 до 12:00 часот корисниците од дел од бунарите кај р. Лепенец и дел од ул. Скупи со броевите 12, 14, 20 и 22 (Општина Ѓорче Петров) и во периодот од 07:45 до 08:15 часот корисниците од дел од бунарите кај р. Лепенец и дел од ул. Скупи со броевите 12, 14, 20 и 22 (Општина Ѓорче Петров).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП