30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево со мала облачност и слаб ветер, температурите до 36 степени

Денес сончево со мала облачност и слаб ветер, температурите до 36 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, поинтензивна на североистокот и со слаб претежно североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири со 15, а дневната од 26 до 36 целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со слаб ветер од променлив правец. Утрринската температура ќе се спушти до 11 степени, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

До вторник ќе продолжи периодот на стабилно време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, а најтопло ќе биде во недела и понеделник, особено во централните делови. Во вторник и среда ќе настапи преодно наоблачување проследено со северен ветер, повремен пороен дожд и услови за нестабилност, а температурите повторно ќе опаднат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП