19 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕVanna Belle - Многу повеќе од обично одморалиште (фото)

Vanna Belle – Многу повеќе од обично одморалиште (фото)

Лоцирано во затскриениот залив во близина на плажата Chaweng во Тајланд, која е позната по својот бел песок и прекрасниот поглед на залив, Vanna Belle е многу повеќе од обично одморалиште…

Со совршена локација на плажата, блескавата вода со небесно сина боја, прекрасниот бел песок и смарагдно зеленото опкружување, Vanna Belle е место каде можете да уживате во тропскиот и лежерен начин на живот.

Ова место е опкружено со бујно зеленило кое ви нуди ладовина и скривалиште од бучавата и остатокот од светот, додека секој апартман и секоја вила ви нудат ненадминлива приватност. Овде ве очекуваат приватни базени и тераси, за уживање кое ќе го паметите до крајот на животот.

Kiree, познатиот ресторан на ова одморалиште ќе ве одведе на најдоброто кулинарско патување и авантура во вашиот живот, додека Vanna Spa ќе ви го разубави денот, а со традиционалните масажи и терапии ќе го ревитализира вашиот дух и тело.

Базенот со крстално чистата вода е сместен така што ќе ви овозможи беспрекорен поглед кон префинетата плажа со бел песок и заливот Siam. Дали ви е потребно уште нешто за уживање?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП