27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтечајците се сретнаа со Премиерот

Стечајците се сретнаа со Премиерот

Премиерот, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се сретнаа со координаторите на стечајните работници од Здружението на стечајни работници Унит 1.

Владата информира дека претставниците на стечајните работници го поздравиле чекорот на новата Влада за законско решавање на прашањето на стечајните работници, кои не беа опфатени во досегашните селективни законски решенија. Тие пренесоа искуства за долгогодишни егзистенцијални и институционални проблеми и изразија благодарност за одговорноста на новата Влада да го спроведе ветеното и пристапи на решавање на проблемот во првите 100 дена од формирањето и на соодветен начин.

„Владата е посветена на потребите на граѓаните и на затворање на проблемите со коишто се соочуваат, низ комуникација и дијалог со засегнатите страни, со квалитетни и ефикасни системски решенија, како што е утврден и овој предлог закон заедно со стечајните работници“ рече премиерот Заев.

Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, којшто го усвои Владата е веќе во собраниска процедура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП