26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИ овој викенд продолжува „Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија

И овој викенд продолжува „Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија

И овој викенд продолжува големата летна забава „Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија.

На 25 август (петок) забавата ќе биде на плоштадот Скендербег и ќе почне во 21 часот каде што ќе настапат групата „Трикс“, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ.

На 26 август (сабота) забавата ќе биде на плоштадот пред „Свети Спас“ каде што забавата ќе почне во 21 часот и ќе настапат „Офкестра“, „Фанки гуру“, „Енерџи бенд“ и Фиц („Студени нозе“).

Проектот „Супер Скопје“ доаѓа по предлог и иницијатива на сопственици и менаџери на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје, а е во насока на подобрување на културно-забавната понуда во Скопје.

Главен организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата е задолжена „Горила вајлд ентертејмент груп“.

Колку за потсетување, во согласност со одлука на Советот на Град Скопје во вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжено еден час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП