26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПокрај деловниот, се грижите ли доволно и за приватниот живот?

Покрај деловниот, се грижите ли доволно и за приватниот живот?

Додека едни сонуваат за тоа да се вработат и да почнат да го планираат животот, други поради големиот ангажман на работа целосно го запоставиле приватниот живот.

Се поголем е бројот на млади, амбициозни деловни луѓе кои поради неодложните состаноци, деловни ручеци, службени патувања и итни рокови не се сеќаваат кога последен пат имале малку време да излезат со пријателите, а за потполната пустина во нивниот љубовен живот и да не зборуваме.

Но, времето минува… Доколку сте еден од оние кој по којзнае кој пат, поради работа ја презакажал вечерата со девојката која неодамна ја запознал, крајно време е да си го средите животот.

На вистинските воркохолици секогаш на прво место им е работата, пред пријателите, семејството, љубовта…

Запрашајте се дали успешната кариера во потполност ве исполнува, или пак тоа е само замена за длабоката емотивна празнина.

Можеби имате работа со незгоден шеф кој постојано нешто бара, или пак такви клиенти? Или, можеби само сега се трудите малку повеќе бидејќи сакате да побарате покачување на платата?

Кога ќе ја согледате вистинската причина, ќе можете и да го решите проблемот. Кога на некој драг пријател/пријателка ќе му кажете дека долго време не сте се јавиле затоа што сте биле презафатени на работа, јасно им ставате до знаење дека во тој период работата ви била приоритет.

Меѓутоа, ако размислите, ќе видите дека за некои работи секогаш наоѓате време, а пак за некои не. Запрашајте се зошто е тоа така и кој го контролира вашиот живот – вие или вашиот шеф?

Трудете се да воспоставите рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, во спротивно – приватен живот никогаш нема ни да имате.

Кога сте со семејството, пријателите, или пак девојката, посветете им полно внимание и не мислете на работата. Исклучете го мобилниот и опуштете се!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП