26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Досега се изгубени 119 милиони евра oд ИПА-фондовите

Тевдовски: Досега се изгубени 119 милиони евра oд ИПА-фондовите

Владата ќе изработи нов мастер-план кој ќе биде поделен во три етапи за поефикасно користење на ИПА-средствата, информира вицепремиерот за европски прашања, а воедно и координатор за ИПА-фондовите, Бујар Османи.

Тој рече дека ИПА-фондовите за оваа година не се целосно програмирани, односно недостигаат 150 милиони евра или 25 отсто од средствата што треба да бидат пренаменети за други проекти.

– Првиот предизвик е искористување на средствата наменети за оваа година, кои Владата треба да ги прераспредели, во спротивно овие проекти ќе мора да бидат финансиски потпомогнати од буџетот на Република Македонија – рече Османи.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека средствата од ИПА-фондовите се од огромно значење и помош за Република Македонија и потребно е да се води поголема грижа за оваа поддршка од Европската Унија.

Тевдовски информира дека досега од ИПА-фондовите се изгубени 119 милиони евра и од огромна важност е финансиите да се распределат на вистинско место.

Европската унија финансиски ја потпомага Република Македонија досега преку два ИПА-пакета. ИПА 1-пакетот од 2007 до 2013 и ИПА 2-пакетот од 2014 до 2020.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП