27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува времениот сообраќаен режим на улицата „Тодор Александров“

Продолжува времениот сообраќаен режим на улицата „Тодор Александров“

Градот Скопје ги информира граѓаните дека поради асфалтирање на коловозот продолжува времениот сообраќаен режим на улицата „Тодор Александров“ во правец на Водно, како и на околните улички од десната страна.

На 21 и на 22 август 2017 година (понеделник и вторник) во периодот од 8 до 17 часот ќе се асфалтира десната страна на улицата, а етапно ќе бидат затворени за сообраќај попречните улици Периша Савелиќ, Партение Зографски, Тасино Чешмиче и Славејко Арсов. Во текот на градежните работи, на терен ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност, во своето движење да ја користат околната патна мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП