26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Porsche Cayenne подготвен за Франкфурт?

Новиот Porsche Cayenne подготвен за Франкфурт?

Porsche ги обавува завршните подготовски за светската премиера на третата генерација на моделот Cayenne.

Автомобилот е во завршна фаза на развој, а како што дознава Car and Driver, првите официјални фотографии и технички детали ќе бидат објавени на 29 август, додека пак, светската премиера ќе се одржи во средината на септември на саемот за автомобили во Франкфурт.

Истиот извор наведува дека до крајот на август ќе биде презентиран моделот со V6 турбо бензинец, додека пак, верзијата со V8 агреагат ќе биде подготвена за Франкфурт.

Покрај овие мотори, се очекуваат и повеќе plug-in хибриди, кои на дневен ред ќе дојдат нешто подоцна, а кои освен од електромоторите ќе добиваат сила и од V6 и V8 единиците. Најмоќниот модел на хибриден погон ќе биде во рангот со Panamera Turbo S E-Hybrid која располага со 700 коњски сили.

Кога станува збор за дизелите, Car and Driver пишува дека тие чекаат да се намали еуфоријата околу скандалот со дизелите на Volkswagen.

Иако дизел моторите ќе бидат понудени дополнително, Porsche сепак не се откажува од нив бидејќи, како што наведува извор од компанијата, незамисливо е дека сите купувачи во блиска иднина ќе преминат од дизел на бензин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП