26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕден твит на Трамп го чинеше Amazon 5,7 млрд долари

Еден твит на Трамп го чинеше Amazon 5,7 млрд долари

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно со само еден твит успеа да нанесе огромна штета на една компанија, овој пат на Amazon.

Трамп во својот твит напиша: Amazon нанесува голема штета на трговците кои плаќаат данок. Градовите и државите ширум САД се оштетени – многу работни места се изгубени!

Со овој твит со кој тој го напаѓа трговскиот онлајн гигант дека им нанесува огромна штета на трговците кои плаќаат данок, Трамп избриша 5,7 милијарди долари од пазарната капитализација на Amazon.

Акцијата на Amazon загуби 1,2 проценти од својата вредност во тргувањето по овој коментар на американскиот претседател, за потоа повторно да се поврати, но попладне повторно беше во минус 0,33 проценти.

Трамп и претходно го критикуваше Amazon и Washington Post, кои се во сопственост на основачот на Amazon, Џеф Безос. Во декември 2015 година Трамп го обвини Безос дека го користи весникот како параван за да ги намали даночните обврски на Amazon. Тој тврдеше дека акциите на Amazon би се срушиле како кула од карти кога тој не би користел таков аранжман.

Безос го поседува Washington Post преку холдинг компанија која не е поврзана со Amazon.

Ова не е прв пат Трамп во своите твитови да напаѓа компании, а на негова мета претходно се најдоа и Toyota и Boeing.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП