26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНеверојатно искуство - Nayara Hotel Spa & Gardens (фото)

Неверојатно искуство – Nayara Hotel Spa & Gardens (фото)

Активниот вулкан Аренал во Костарика можеби звучи опасно, но вистината е сосема поинаква…

Костарика е нешто слично како тропско игралиште, поради кое ќе се заљубите во оваа земја. Посетителите ќе бидат изненадени од бучните водопади и длабоките пештери кои мамат да ги откриете… А на крајот од денот кога ќе ви биде потребен одмор, ве советуваме да го посетите Nayara Hotel Spa & Gardens.

Сокриен длабоко во Аренал Вулкано националниот парк, каде природата ве дочекува со своите неверојатни погледи и неверојатно опкружување, ова одморалиште е нешто сосема поинакво. Диво и слободно, без никакви ограничувања кои би ги поставил човекот, подрачјето во кое е сместен хотелот, не потсетува на времето кога луѓето ја почитуваа околината и и се восхитуваа.

Изградбата на ова одморалиште е направена со употреба на локални материјали. Посетителите на овој луксен хотел и спа центар ќе бидат изненадени од луксузниот и прекрасен декор кој ќе ги пречека. Дали тропската градина, џакузи кадата, приватната градина и целосно имплементирата модерна и дигитална технологија ви звучат добро?

Кога ќе пристигнете во ова одморалиште најтешко ќе ви биде да одлучите дали да останете внатре или да лутате во неговата околина. Ако сакате авантури, овде можете да искусите бројни активности, како рафтинг, јавање, zip-lining и бројни други активности. Можете да го посетите и локалниот гејзер и термалниот извор, или пак да се прошетате во шумата… се до вулканот.

Ова одморалиште поседува три ресторани со најразлични специјалитети, спа центар за феноменален третман, базен со бар кој ќе ви понуди освежување и сместување во уникатните соби како вистински крал.

Уживајте во фотографиите…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП