27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАвтентично одморалиште во срцето на Андализуја (фото)

Автентично одморалиште во срцето на Андализуја (фото)

Сместена во срцето на јужна Шпанија, оваа хациенда е идеално место за одмор и почетна точка за истражување на убавините на Андалузија…

Хациендата De San Rafael ви нуди магична мешавина од рустичен шарм, гостопримливост од светска класа и модерни префинетости, опкружена е со полиња со сончоглед и прекрасни зелени брда од сите страни.

Со својата заводлива атмосфера, ова шармантно одморалиште без мака ќе ви измами насмевка на лицето. Замислете се себе како уживате во појадокот на својата приватна веранда, а потоа се движите во истражување на Андалузија… прекрасно.

За жал, ова одморалиште има само единаесет соби за гости и три „Casitas of Hacienda“ во понудата, но веруваме дека ќе успеете да уживате во приватноста и ексклузивноста. Секоја сместувачка единица е индивидуално декорирана со цел да ве маѓепса со рустичната екстраваганција, вклучувајќи ги плафоните со изложени греди и grotto тушевите од темен камен.

Кога ќе огладните, сетете се дека сте во Шпанија и насочете се кон хотелскиот бар и уживајте во аперитивите, пред да добиете шанса во прекрасниот двор со цвеќе да уживате во гурманската вечера под ѕвездите. Кујната овде секако нема да ве разочара, а ни атмосферата која само го акцентира добриот вкус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП