Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,888.38 1.79%    GRNT 810.00 0.03%    KMB 3,355.14 -0.04%    MKSD 246.00 2.93%    MSPR 1,000.00 -26.85%    OHB 5,000.00 -0.99%    OKTA 3,650.00 0.83%    PPIV 39,100.00 0%    REPL 60,280.00 0%    RMDEN16 95.00 0.11%    RZLV 53.00 3.92%    SBT 2,127.50 4.24%    STB 948.20 0.82%    STBP 600.00 -0.17%    STIL 140.00 1.45%    TEL 295.54 0.03%    TNB 13,724.00 1.05%    TPLF 1,700.63 0.04%    TTK 953.00 0%    UNI 2,050.00 0%    

Tip of the week: Дали сте амбициозни?

Време: 14:36

Датум: јули 27, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Често слушаме за некој дека е многу амбициозен, на пример, амбициозен вработен, амбициозен менаџер, амбициозен студент… Неодамна добив ваков коментар од еден пријател, а тоа ме наведе да размислувам, што всушност значи да си амбициозен, дали е добра особина или не, и што треба да направиме во врска со тоа?

Постојат различни дефиниции за амбициозноста, но најчесто се дефинира како силна желба да се постигне нешто и да се успее во остварување на некоја цел. Освен силната желба, вклучува и мотивација, да се издржи во реализација на целта и упорност и решителност да не се откажеме при првата пречка или неуспех. Причините за амбициозност се различни и од една страна произлегуваат од она што се фокусираме да го постигнеме, од очекувањата за себе, од фрустрацијата за немање храброст да преземеме поголеми чекори во остварување на некоја цел и слично, а од друга страна, може да произлезат и како резултат на сомнежите на другите кон нас и нашите способности.

Без оглед дали амбициозноста се однесува на некоја цел поврзана со работата, пријателите или семејството, во продолжение ви презентирам кога амбициозноста како особина може да влијае  позитивно на вас, а кога да биде проблематична.

Амбициозноста влијае позитивно на вас кога:

  • Ги следите вашите вредности и уверувања. Не сите ја имаат амбицијата и страста која вас ве мотивира да одите напред. Целта што сакате да ја остварите треба да биде ваша, и ако вие имате страст да креирате, да им помагате на другите, да направите разлика, тогаш бидете амбициозни и направете го тоа.
  • Ве охрабрува да направите нешто подобро за себе и за другите. Понекогаш, другите не ве поддржуваат само затоа што не ве разбираат. Во ред е некој да ви каже да „забавите“, но сепак, бидете сигурни во тоа што сакате да го постигнете и како тоа ќе се рефлектира на вас и на другите.
  • Ве иницира да преземете ризик, а при тоа да не се разочарате од неуспехот. Ако амбициозноста ви помага во пронаоѓање на различни решенија, соочување со моменталниот страв и несигурноста, тогаш бидете амбициозни.
  • Важен е вашиот развој, а не споредбата со други луѓе. Амбицијата треба да биде иницијатор да бидете подобри од тоа што сте моментално, а не да бидете подобри од другите. Не е поентата да ги копирате другите за да постигнете нешто туку да ја следите својата природна амбициозност и ентузијазам коишто ги имате.
  • Талентот не е пресуден за да успеете. Честопати силната желба, мотивација и упорност за да постигнете нешто се многу поважани од тоа колку сте талентирани да го направите тоа. Резултатот е важен, но понекогаш многу поважно е што ќе научите во процесот на остварување на целта отколку самата цел.

Aмбициозноста може да биде проблематична за вас кога:

  • Нереално поставувате цели. Убаво е да очекувате големи работи за себе, но тие секогаш треба да бидат реални за да не трошите залудно време на нешто што можеби и нема да ви биде толку важно во иднина. Секој потсвесно има цели коишто сака да ги реализира, но многу често недостасува таа голема слика и ентузијазам за да го остварат тоа и потоа брзо се разочаруваат.
  • Буквално „газите“ преку другите луѓе, а  сè со цел да ги остварите своите цели. Вашиот успех никогаш не треба да биде за сметка на нарушување на односите со другите луѓе и да не ви е грижа за нивните потреби и чувства. Целта не секогаш ги оправдува средствата.
  • Ќе помине во форма на опсесија или алчност. Понекогаш превисоко поставените цели и успехот на другите нè прави себични и дефокусира од она што навистина сакаме да го направиме и ни е потребно.
  • Запоставувате важни работи во вашиот живот. Ако амбициозноста, на пример, за некој проект континуирано ве спречува да бидете со вашите најблиски или со текот на времето се соочувате со многу здравствени проблеми, тогаш е време да ги преиспитате вашите приоритети и дали треба толку да сте амбициозни.
  • Постојано сте во некој неред, хаос и преземате премногу одговорности во исто време. Ако постојано пропуштате рокови, а вината ја пренесувате на други, со цел да направите повеќе работи истовремено само за да ги воодушевите другите, тогаш би требало малку да размислите околу вашата амбициозност.

Мала е границата помеѓу тоа која амбициозност е позитивна, а која може да ви направи проблем. За да имате „здрава“ амбициозност предлагам од време на време да си ги поставувате овие прашања: Дали оваа амбиција е одраз на моите вистински вредноста или некој ми ја има наметнато? Што се обидувам да постигнам преку оваа цел и зошто ми е толку важна? Дали во остварување на целта повредувам некого и како тоа ќе се одрази на останатите? Што ќе се случи ако ја остарам целта, а што доколку не ја остварам? Кој е следниот чекор кога ќе ја остварам/не ја остварам целта?

 

Со успех во промените,

Жаклина Герасимовска

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Сe помалку и помалку има јунаци кои ќе преземат некаква иницијатива за да се започне некоја работа, а камоли и да се заврши. Цело време…

  • Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Повеќе пати сме се нашле во ситуација кога колку и да сакаме некоја работа да испадне како што треба, едноставно не ни успева во намерата.…

  • Tip of the week: Пасивна продажба

    Tip of the week: Пасивна продажба

    Како моја професионална деформација, многу често знам кога шетам по продавници, ресторани, кафулиња или други услужни места, да го набљудувам и  да го следам продажниот…

  • Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Пред некој ден налетав на една слика на која пишуваше: Пред да зборуваш, размисли… Дали е вистина?! Дали е од помош?! Дали е инспиративно?! Дали…

  • Tip of the week: Набрзинка

    Tip of the week: Набрзинка

    Ајде… Сега… Веднаш!! Нестрпливи сме! Сакаме да се случуваат работите сега и веднаш. Но, не оди тоа баш така. Да, може нешто да се случи…

  • КОЛУМНА: Среќна Нова 2018 Година – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Среќна Нова 2018 Година – М-р Раде Чоловиќ

    Почитувани читатели на Денар.мк би сакал да ве известам дека завршувам еден циклус од 10-тина колумни. Се надевам дека ви беа интересни или во најмала…

  • Tip of the week: Нова година

    Tip of the week: Нова година

    Пред некоја година,  во еден весник имаше изјави од повеќе луѓе за тоа кои се нашите прогнози околу економските случувања за следната година. Меѓу другите…

  • Tip of the week: 24 часа до успехот

    Tip of the week: 24 часа до успехот

    Феноменот “последен ден” е многу интересен. Нема уште многу време! Дали ќе успеете или не, зависи до каде сте со остварувањето на целите. Еве, на…

  • КОЛУМНА: Отвори го пенџерчето, се задушивме – М-р Раде Чоловиќ

    КОЛУМНА: Отвори го пенџерчето, се задушивме – М-р Раде Чоловиќ

    Не, не го отворајте пенџерчето, прозорецот, балконската врата, не излегувајте од дома и така нема да дишете штетни ПМ честички. И проблемот е решен. Луѓе…

  • Tip of the week: Пауза!

    Tip of the week: Пауза!

    Не знам каде ми е главата!!! Нели така велиме кога сме преокупирани со активности, обврски (работни, приватни), проекти, кампањи или кога кажуваме дека „немаме време”?!…