27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАШоуто на „Вивалдијано“ на 4 август на Охридско лето

Шоуто на „Вивалдијано“ на 4 август на Охридско лето

Концертниот 3Д-спектакл, шоуто на „Вивалдијано“, со повеќе од 60 музичари, танчери и наратори, првпат ќе биде изведен во Македонија, и тоа на 4 август на сцената на Античкиот театар во Охрид.

„Вивалдијано“ е безвременски музички проект составен од реномирани музичари од разни стилови со внимателно доделени улоги, кој e шарена мешавина на современата музика која се гради врз темелите на барокот.

Го сочинуваат оркестар на класични музичари и артрок-изведувачи, како и танчари и наратори.

Она што им дава друга димензија на шоуата на „Вивалдијано“ е дизајнот на светлата и 3Д-проекциите на јапонскиот уметник, режисер и аниматор Косуоке Сагимотоа.

„Вивалдијано“ ќе се претстави пред публиката со композициите на италијанскиот композитор Антонио Вивалди, но на нов и возбудлив начин преку вешто спојување на класичната музика со модерни елементи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП