26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti пензионира кросовер

Infiniti пензионира кросовер

Компанијата „Infiniti“ ќе го прекине производството на кросоверот „QX70“ кој порано се нарекуваше „FX“. Од следната година возилото веќе нема да се нуди на пазарот, објави „Automotive News“, повикувајќи се на свои извори.

Јапонскиот бренд ќе се концентрира на производство и продажба на следната генерација на моделот „QX50“ кој во наредните години треба да се претвори во најуспешниот автомобил на „Infiniti“. Кросоверот ќе биде претставен за време на автосаемот во Франкфурт во септември.

Според прелиминарните податоци, „Infiniti QX50“ ќе добие нов 2,0-литарски мотор кој на концептуалната верзија на моделот изнесуваше 268 КС и 390 Нм. Освен тоа палетата мотори ќе вклучува модернизирани „V6“ агрегати, кои ќе бидат за околу 25% поекономични отколку досега.

Што се однесува до моделот „QX70“, тој ќе добие наследник, но тој ќе е со друго име. Кросоверот ќе биде изграден врз основа на сегашната генерација на „Nissan Murano“, а ќе се појави на пазарот во 2021-ва или 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП