27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис довербата во Германија достигна рекордно високо ниво во јули

Бизнис довербата во Германија достигна рекордно високо ниво во јули

Бизнис довербата во Германија неочекувано забележува раст во јули, покажуваат податоците на институтот со седиште во Минхен – „Ifo“, цитирани од „Ројтерс“.

Индексот на институтот кој се пресметува врз основа на анкета меѓу 7.000 компании, се зголемува до 116 поени од 115,2 поени во јуни, што е рекордно високо ниво, нагласува новинската агенција.

За споредба, консензус прогноза на економисти анкетирани од „Ројтерс“, беше за пад на индексот до 114,9 поени.

„Расположението на германскиот бизнис е еуфорично“, коментира директорот на „Ifo“, Клеменс Фуест во соопштението.

„Задоволството на компаниите од сегашната ситуација го достигнува највисокото ниво од обединувањето на Германија, па досега. Краткорочните изгледи пред бизнисот исто така се подобруваат. Германската економија зема замав“, додава тој во изјавата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП