27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши – Ромео: Самитот во Трст е добар исчекор во економското поврзување...

Бектеши – Ромео: Самитот во Трст е добар исчекор во економското поврзување на земјите од Западен Балкан

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео.

Министерот Бектеши истакна дека Италија е важен трговски партнер на Република Македонија позиционирајќи се на петтото место во 2016 година на листата со најголеми трговски партнери, што претставува солидна основа за отворање нови можности и нејзино продлабочување со конкретни заеднички проекти.

Министерот Бектеши истакна дека зајакнувањето на соработката на полето на енергетиката, минералните суровини и туризмот ќе придонесе не само за зголемување на билатералната соработка туку и за нови инвестиции и забрзан економски развој, а тоа ќе се постигне преку создавање поволна бизнис-клима и за домашните и за странските инвеститори.

Двајцата соговорници се согласија дека неодамна одржаниот самит во Трст е добар исчекор во економското поврзување на земјите од Западен Балкан изразувајќи задоволство од произлезените заклучоци од самитот, со кои Република Македонија доби неповратни 70 милиони евра од европските пари наменети за транспортно поврзување на Западен Балкан.

Италијанскиот амбасадор ја потенцира поддршката што неговата земја ѝја дава на Македонија на патот кон евро-атлантските интегративни процеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП