27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ очекувано ja задржи монетарната политика без промена

ЕЦБ очекувано ja задржи монетарната политика без промена

Европската централна банка (ЕЦБ) очекувано денеска ја остави својата позиција за монетарната политика без промена. Централната банка ги задржи и каматните стапки на рекордно ниско ниво и дури ја остави „вратата отворена“ кон уште купувања на средства, ако изгледите се влошат, соопштува „Ројтерс“.

Откако минатиот месец ги зголеми изгледите за затегнување на политиката, недостатокот на акција во четвртокот најверојатно сигнализира дека прилагодувањето на политиката ќе биде бавно и внимателно, а веројатно ќе потрае години европската економија да се ослободи од монетарната политика.

Меѓутоа со оглед на фактот дека економијата на еврозоната расте 17-ти по ред квартал – најдобрата нејзина серија од пред глобалната финансиска криза, „ЕЦБ“ може најмалку да размисли за олеснување на програмата, ако го задржи делот од остатокот на нејзината моќ, откако ќе отпечати речиси 2 илјади милијарди евра за да го стимулира растот.

Перспективите за послаби парични стимулации сепак се нервозни за финансиските пазари, како што инвеститорите нервозно бараат сигнали за тоа до кој степен централните банки во светот ќе ги затегнат неконвенционалните политики кои ги поддржува каматните стапки на дното.

„ЕЦБ“ ја задржи каматната стапка по депозитите на негативна територија и ги остави без промена месечни набавки на обврзници на ниво од 60 милијарди евра во согласност со очекувањата на повеќето аналитичари во анкетата на „Ројтерс“.

„Ако перспективите станат неповолни или ако финансиските услови престанат да бидат во синхронизација со понатамошниот напредок кон одржливата корекција на трендот на инфлацијата, Управниот одбор е подготвен да ја зголеми големината и/или времетраењето на програмата“, рече уште банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП