26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi Sport ќе прави електричен SUV

Audi Sport ќе прави електричен SUV

„Audi Sport“ планира да претстави спортски електричен автомобил меѓу 2020-та и 2025-та година, а се претпоставува дека станува збор за „SUV“ модел.

Главниот извршен директор на „Audi“, Штефан Винкелман веќе даде до знаење дека претпочита компанијата да преземе курс директно на електрични и да „прескокне“ фази со лансирање и развој на „plug-in“ хибридни модели и освен тоа развојот на палетата на брендот е насочена кон „SUV“ модели, потоа доаѓаат седаните и караван верзиите и на крајот – суперавтомобил.

А една од причините во „Audi“ да ги преферираат големите модели за електрични е целосно практична: на каросеријата има повеќе место за батерии, а користењето на најновите технологии помага за намалување на тежината на автомобилите. Сепак, Винкелман додаде дека „нема ништо против хибридите“, но стои до тоа електрификацијата на палетата на брендот да стартува во 2020-та година.

„Но, ако треба да одберам еден модел, кој ќе е максимално добро ориентиран кон клиентите и да исполниме многу цели со еден модел, тогаш мојот избор ќе биде електричен автомобил со батерии“, објасни шефот на „Audi“.

Секако, со оглед на претставувањето на концептот „Audi e-tron Quattro“ во Шангај, прогнозата за тоа дека првиот модел на „Audi Sport“ ќе е „SUV“ е многу веројатна, но се чекаше на укажување од страна на Винкелман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП