26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен е трет јавен повик за ангажирање на странски експерти

Објавен е трет јавен повик за ангажирање на странски експерти

Објавен е трет јавен повик за ангажирање странски експерти за домашните мали и средни компании. Огласот ќе трае до 29-ти јули годинава.

Од досегашните два огласа, како што информира вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, услугата ја искористиле 96 компании, а анкетите покажуваат дека 78 отсто од нив се задоволни од странските експерти, а дури 90 отсто повторно би учествувале во проектот.

Индикатор за успешноста на проектот, како што рече, е и просечната оценка од 4,55 од можната оценка од 1 до 5. Анѓушев најави дека имаат намера македонските компании да ги изедначат со странските во делот на субвенционирање и оти ќе продолжат да ги поддржуваат сите проекти што придонесуваат за зголемување на конкурентноста на македонските компании.

Тој апелираше компаниите да ја искористат можноста што им се пружа за да се стекнат со драгоцени искуства на експерти од странство за подобрување на нивниот технолошки процес, организацијата на работа…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП