26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија оствари стабилен раст од 6,9% во вториот квартал

Кинеската економија оствари стабилен раст од 6,9% во вториот квартал

Кинеската економија постигна стабилен раст во вториот квартал од 6,9 проценти, соопштија светските агенции.

Ова темпо на зголемување на бруто домашниот производ (БДП) на втората економија во светот, сепак може да забави поради волјата на властите да се борат против огромните долгови на азискиот гигант.

Најдобриот резултат за БДП-то е придружуван од охрабрувачките податоци и за индустриското производство, продажбата на мало и инвестициите, одразувајќи во исто време на стабилноста и на внатрешната, и на надворешната побарувачка.

Некои експерти се сомневаат дека овој значаен раст ќе биде и траен. Неодамнешното „затегнување на чешмата“ на најевтините заеми доведе до забавување на растот на кредитирањето, а тоа ќе се одрази на економијата во втората половина на годината, коментираат аналитичарите.

Приватниот и јавниот долг достигна 250 отсто од БДП-то на земјата и тоа е повод за вознемиреност и меѓу агенциите за кредитен рејтинг. Пекинг ја беше отворил силно „тапата“ на кредитите во последниве години, за да ја поддржи економијата, но создаде шпекулативен бум и тоа најмногу на пазарот за недвижнини.

Агенција Фич (Fitch) предупреди во петокот дека зголемениот долг на Кина би можел да предизвика „економски и финансиски шок“, но и покрај тоа ја задржи актуелната оценка „А +“ со стабилни изгледи.

Индустриското производство е зголемено за 7,6 отсто во јуни на годишна основа, а во однос на претходниот месец се зголемило за 6,5 отсто. За целата прва половина на годината тоа се зголемило за 6,9 отсто.

Продажбата на мало се зголемила за 11 отсто во јуни во однос на 10,7 отсто зголемување во мај. За првите шест месеци растот е 10,4 отсто.

Инвестициите во производствен капитал скокна за 8,6 отсто во првата половина на годината.

„Владата на Кина активно придонесува за продолжувањето на реформите во економијата, со цел да се зголеми индикаторот за квалитетот во развојот на земјата, а исто така и да се зголеми ефикасноста за управувањето со економските процеси“, се наведува во објавениот извештај на Државниот завод за статистика.

Во Кина темпото на економски раст постепено се успорува. Во 2010-та година овој показател беше на ниво од 10,4 отсто, во 2011-та година – 9,2 отсто, а во 2012-та година – 7,8 отсто. На крајот на 2013-та година стапката на пораст на БДП-то на Кина се забави до 7,7 отсто, во 2014-та година до 7,3 проценти, а во 2015-та година до 6,9 отсто.

За минатата година тој беше во размер од 6,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП