26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ има обезбедено 2,9 милијарди евра од помошта за бегалците за Турција

ЕУ има обезбедено 2,9 милијарди евра од помошта за бегалците за Турција

2,9 милијарди евра од помошта која ЕУ ја вети за бегалците кои во моментов се наоѓаат во кампови во Турција, веќе се обезбедени, објавија од Европската комисија (ЕК). За периодот 2016 – 2017-та година беа ветени вкупно 3 милијарди евра.

По договорот со Анкара веќе се потпишани 48 договори во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра, а 811 милиони евра од средствата се платени до овој момент. До крајот на 2017-та година ќе бидат договорени и уште 714 милиони евра, дополнуваат од Брисел.

Еден од најважните проекти е во однос на социо-економската поддршка – подобрување на вештините на сириските бегалци и приемните центри во Турција. За овие проекти на бегалците се нудат јазични курсеви и обуки за други вештини. Последниот договор во таа насока е за 50 милиони евра и вклучува обука по турски јазик за бегалците, што ќе им помогне за полесно интеграција на пазарот на труд во земјата.

Европската финансиска помош беше ветена на Турција во 2015-та година. Тогаш двете страни се согласија Анкара да помогне за ограничување на бегалскиот притисок и нелегалната имиграција во Европа. Во замена ЕУ вети финансиска поддршка за обезбедување на подобри услови за бегалците.

Во периодот 2016 – 2017-та година треба да бидат доделени 3 милијарди евра за Турција – 1 милијарда евра од буџетот на ЕУ и 2 милијарди евра од земјите од заедницата.

Освен за подобрување на социјалните вештини на мигрантите, парите се насочуваат и кон подобрување на условите во центрите за сместување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП