26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев најави инвестиции во инфраструктурата

Анѓушев најави инвестиции во инфраструктурата

Заменик претседателот за економски прашања, Кочо Анѓушев, во пресрет на самитот за Западен Балкан во Tрст имаше средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

Амбасадорот Ромео, како претставник на земјата домаќин ги презентираше приоритетите на италијанското претседавање со самитот, како и деталната агенда. Тој го поздрави формирањето на владата и изрази надеж дека процесите за евроинтеграција на Македонија и на целиот регион ќе се одвиваат со побрза динамика, а Италија како актуелен претседавач ќе помогне за интензивирање на активностите.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата e посветена на остварување на итните реформски приоритети, како и на обврските што произлегуваат од таканаречениот Берлински процес.

„Владата ќе работи на реформи во енергетскиот сектор, ќе работиме на создавање на поволна бизнис клима, за домашни и странски инвеститори, а конкурентноста на компаниите ќе ја подигнеме со инвестиции во инфраструктурата, како патната, така и железничката“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП