26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК бара рекордна казна од 2,42 милијарди евра за Google

ЕК бара рекордна казна од 2,42 милијарди евра за Google

Европската унија бара од американскиот технолошки концерн „Google“ рекордна парична казна од 2,42 милијарди евра, пренесе прес-службата на Европската комисија. Интернет Концернот ја злоупотребувал пазарната моќ, сметаат властите во Брисел.

Станува збор поконкретно за услугите поврзани со пребарување на интернет (т.н. „пребарувач“). Вчера WSJ соопшти за веројатна казна од 1 милијарда евра. Санкцијата ќе биде наметната на холдингот „Alphabet“, во кој влегува „Google“.

„Google“ ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот на вкупната побарувачка во интернет со друг производ на „Google“ – оригиналната услуга наречена „Froogle“, која беше преименувана во 2008-ма година во „Google Product Search“, а во 2013-та година – во „Google Shopping“ со кој си создала бесправна предност на пазарот на побарувачка на услуги за споредување на цените.

Главните претензии на ЕК се во однос на тврдењето дека „Google“ манипулира со пребарувањето по одделни стоки и услуги, така што трговските партнери и клиенти на „Google“ да излегуваат на првите позиции во резултатите од пребарувањето. Се забележува исто така дека „Google“ помага за зголемувањето на сообраќајот на информатичките онлајн ресурси на партнерите или клиентите на компаниите, зголемувајќи го спомнувањето за нив во резултатите од пребарувањето.

Освен тоа антимонополниот регулатор инсистира корпорацијата да поднесе промени во условите за водење бизнис.

ЕК води истрагата против „Google“ веќе седум години.

Во јули минатата година „EK“ го потврди заклучокот дека технолошкиот гигант „има корист од доминантната позиција, а систематски ги стимулира споредливите услуги за шопинг да излегуваат понапред во резултатите при пребарувањето“. „Google“ и компанијата мајка „Alphabet“ добија 10 недели да одговорат на тврдењата.

„Ројтерс“ објави во април дека „Google“ се обидел да го реши спорот со ЕУ на три пати во последните шест години, но страните не успеале да стигнат до компромис.

Наметнатите од ЕК казни се ориентираат спрема глобалните приходи и кај ќерката на „Alphabet“ компанија на теорија можеа да стигнат до 9 милијарди долари.

Прелиминарните резултати на другите две истраги исто доведуваат до парични казни. Тие се однесуваат на мобилниот оперативен систем „Android“ и единицата за рекламирање „AdSense“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП