27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Почна изградбата на гасоводот “Турски тек”

Русија: Почна изградбата на гасоводот “Турски тек”

Целта е да се засили испораката на руски гас кон Турција, но и Турција да стане транзитна земја кон Европската Унија наместо Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на почетокот на поставувањето на подморскиот гасовод Турски тек, кој би требало да ја снабдува Европската Унија со гас. Овој проект се оценува како симболичен начин на помирување меѓу Москва и Анкара. Според планот, предвидена е изградба на два крака со капацитет од 15 милијарди кубни метри гас, кој ќе го сочинуваат предвидениот гасовод под Црнотото море.

Целта е да се засили испораката на руски гас кон Турција, но и Турција да стане транзитна земја кон Европската Унија наместо Украина. Проектот е претставен во јавноста во 2014 година во екот на украинската криза, во време кога Турција се откажа од проектот гасовод Јужен тек кој требаше да поминува низ Црното море и Бугарија, а кој го блокираше Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП