27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ повторно не се согласува со оценката на растот на грчкиот БДП

ММФ повторно не се согласува со оценката на растот на грчкиот БДП

Нереални се очекувањата за растот на бруто домашниот производ на Грција по 2022-ра година, сметаат во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Портпаролот на институцијата Гери Рајс коментираше пред грчките новинари дека целта од 3,5% раст на грчката економија до 2022-ра година е реален, но потоа треба да има намалување, пишува „Катимерини“.

За време на средбата на Еврогрупата за Грција беше посочено дека во периодот 2023-та – 2060-та година растот на БДП-то на земјата треба да биде околу 2%, но во ММФ сметаат дека овој процент треба да биде намален до 1,5%.

Рајс исто така, потврди дека има напредок во развојот на Грција, како што инсистираат европските кредитори на земјата. Институцијата сепак не отстапува од својата позиција дека се потребни уште мерки за одржливост на грчкиот долг. Страните се уште се далеку од договор за ова прашање.

На последната средба на министрите за финансии од еврозоната и главните кредитори на Атина, ММФ изјави дека нема да учествува финансиски во третата програма за спасенувањето на нашиот јужен сосед. Институцијата очекува јасна одлука во врска со активности за олеснување на грчкиот долг, пред да одлучи дали ќе учествува понатаму во програмата.

ММФ ќе го одобри договорот постигнат од Еврогрупата во Луксембург на 15-ти јуни. Постапката по потврдувањето на пресудата ќе биде финализирана од Бордот на Фондот до 27-ми јуни. Така Грција ќе ја добие следната финансиска транша и отпаѓа ризикот земјата да не ги покрие свои стари долгови.

Рајс прифати и претстојна средба меѓу директорот на ММФ Кристин Лагард и министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле, која ќе се одржи на 6-ти јули. Лагард ќе ја посети и Грција, на покана на претседателот Прокопис Павлопулос, но засега нема датум за нејзината посета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП