8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗатворската казна на Меси е претворена во парична

Затворската казна на Меси е претворена во парична

Лионел Меси минатата година беше осуден на 21-месечна затворска казна поради даночно затајување, но таа, по најновиот предлог на обвинителот, му е претворена во парична.

Меси беше осуден на затворска казна поради даночно затајување, но според шпанските закони, не мораше да оди зад решетки бидејќи претходно не е осудуван и изречената казна не е поголема од 24 месеци.

Аргентинецот тогаш покрај затворската казна мораше да плати и сума од 3,7 милиони евра.

Според најновиот предлог на обвинителот и затворската казна му е претворена во парична. Тој ќе мора да уплати уште 255 илјади евра.

Во Шпанија во моментов се води голема акција против даночни затајувачи, во која се обвинети неколку големи фудбалски ѕвезди, меѓу кои е и Кристијано Роналдо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП