26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТајланд планира инфраструктурни инвестиции за 44 милијарди долари

Тајланд планира инфраструктурни инвестиции за 44 милијарди долари

Тајланд објави план во вредност од 44 милијарди долари за изградба на нова инфраструктура и подобрување на индустријата по источното крајбрежје, кој може да се поврзе со иницијативата на Кина за „Нов пат на свилата“ во поддршка на економскиот раст.

Проектот Источен економски коридор (ИИК) може да биде од корист за Кина и остатокот од Југоисточна Азија, освен дека ќе ги зајакне изгледите пред Тајланд, изјави индустрискиот министер Утама Саванајана во интервју за „Bloomberg Television“ во Бангкок.

„Исклучително природно, логично и заемно корисно е Источниот економски коридор да се поврзе со „Новиот пат на свилата“ и други регионални иницијативи како сестрано регионално економско партнерство или дури „Транстихоокеанското партнерство“, рече Утама.

Економијата на Тајланд е под притисок откако војската ја зазедоа власта во 2014-та година и владата се обидува да ги забрза инфраструктурните проекти, за да ги подобри изгледите.

Планот за источното крајбрежје предвидува инвестиции за 1,5 илјади милијарди бахти (44 милијарди долари) од 2017-та до 2021-ва година за проширување на аеродромот, нови железнички линии и градови, развој на пристаништа и стимулирање на современата индустрија. Утама очекува околу 80% од финансирањето да дојде од приватниот сектор, а остатокот – од владата.

„Генерално одиме по план. Засега оваа година е година на подготовка за „ИИК“. Ги имплементираме севкупните планови. Следната година очекуваме да го видиме почетокот на реални инвестиции“, дополнува Утама.

Иницијативата „Нов пат на свилата“ е водечкиот план на кинескиот претседател Си Џинпинг за отворање на трговските правци и изградба на инфраструктура од Азија до Европа и Африка. Минатиот месец Си ги наведе плановите за насочување на 840 милијарди јуани (123 милијарди долари) за изградба на патишта, железници, пристаништа и цевководи во над 60 земји.

„Денес многу земји не можат да си дозволат да мислат за себе, од гледна точка на одржливиот развој“, вели Утама. „Треба да работиме заедно и да размислуваме за регионот во целина“, дополнува тој.

Тајланд се потпира на извозот и туризмот како мотори на економијата, но индустриската прекумерна продуктивност ги ограничува приватните инвестиции. Растот заостанува зад оној на соседните земји како Индонезија и Малезија, а посилниот бахт ги зголемува ризиците, загрозувајќи да удри врз конкурентноста на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП