26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс го сака Бензема, но и Руни да остане

Мојс го сака Бензема, но и Руни да остане

karim-benzema-wayne-rooney_112777069

Манчестер Јунајтед ќе направи нов обид да го доведе напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Францускиот напаѓач веќе неколку пати беше поврзуван со трансфер кај „црвените ѓаволи“, но во 2009-та година Бензема од Лион замина кај „кралевите“.

Во последните неколку години Сер Алекс Фергусон повторно правеше обиди да го земе напаѓачот на „Олд Трафорд“, а сега и неговиот заменик Дејвид Мојс повторно ќе се обиде со понуда во вредност од околу 30 милиони фунти да го стори истото.

Првата цел на Мојс како менаџер на Манчестер Јунајтед ќе биде да постигнат договор со Вејн Руни за останувањето во тимот, откако во последните недели се појавија различни шпекулации за желбата на англискиот репрезентативец да си замине, како и да го отргне интересот за него од страна на Баерн Минхен, ПСЖ и Челзи. Мојс е првиот менаџер на напаѓачот во професионалниот фудбал и поради тоа се надева дека ќе го убеди да остане на “Олд Трафорд”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП