26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот фонд на Катар му префрлил 30 милијарди долари на Министерството за...

Државниот фонд на Катар му префрлил 30 милијарди долари на Министерството за финансии

Државниот инвестициски фонд на Катар префрлил над 30 милијарди долари од локалните средства кон Министерството за финансии на емиратот и може да продаде и други средства, како дел од планот за реструктуирање. Тоа го пренесува новинската агенција „Ројтерс“, повикувајќи се на запознаени извори.

Единиците на фондот во 18 локални компании се префрлени на Министерството за финансии уште пред дипломатскиот судир во регионот, посочува агенцијата. Меѓу нив се акции во „Qatar National Bank“, телекомуникацискиот оператор „Ooredoo“, „Qatar Electricity & Water Co.“, „Qatar Islamic Bank“, „Qatar National Cement“, „Mayaza Qatar Real Estate“ и други.

„Qatar Investment Authority“ – еден од најголемите суверени инвестициски фондови во светот, ги префрлил партициите за да може Министерството за финансии да остварува директно набљудување со ветување дека ќе ги управува активно. Односно може да се очекува продажба.

Истите удели се очекува да носат годишна дивиденда на благајната на емиратот во износ од над 3 милијарди ријали (824 милиони долари) годишно. Се уште нема официјална одлука што ќе се прави со овие дополнителни приходи.

Друг извор на новинската агенција вели дека реструктуирањето на државниот инвестициски фонд на Катар е започнато уште во почетокот на оваа година. Засега од институцијата одбиваат коментар. Фондот ретко коментира активности јавно. Се смета дека управува средства за околу 300 милијарди долари низ целиот свет, посочува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП